Повеќе од 85 пожари активно горат во Њу Саут Велс, а според најавите на властите, за денеска се предвидени катастрофални услови погодни за ширење на пожарите, пишува BBC.

Властите очекуваат огнот да се шири брзо заради високите температури и силниот ветер, што може да ги загрози животите на тамошните жители. Њу Саут Велс е област во која живеат околу 6 милиони луѓе.

Околу 600 училишта и колеџи ширум земјата се затворени. Досега починаа тројца луѓе, а изгореа повеќе од 150 имоти и 300 коали.

Надлежните служби ги повикуваат граѓаните да се евакуираат од руралните делови на државата каде што беснеат шумските пожари.

Десетици илјади граѓани се засолнети на сигурно, откако властите предупредија дека е предоцна да ги напуштат своите домови пред пожарите што се шират на источниот брег од континентот..

На ширењето на пожарите им влијаат екстремно сушните временски услови во Њу Саут Велс и Квинсленд, каде во некои делови дожд нема заврнато три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.