Пеколни горештини ја зафатија Австралија, а овој декември е еден од најтоплите во историјата на мерењата.

Најтоплото место во земјата е Марбли Бар со 174 жители на северозападот на земјата, каде што се измерени 49,1 Целзиусов степен, што до сега никогаш се нема случено.

Метеоролозите најавуваат дека топлотниот бран ќе се прошири и кон југот и дека во Сиднеј, Мелбурн и Аделаида би можело да биде забележана во просек и за 16 степени повисоки температури од вообичаеното.

Во Канбера е забележана температура од 39 Целзиусови степени.

Сведоци сме на уривање на декемвриските температурни рекорди – истакнуваат метеоролозите.

Декември во Австралија означува почеток на летото, а јануари и февруари би можеле да бидат уште потопли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.