Во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација.

Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат дома македонски е поголем за околу 170 во споредба со пописот пред пет години, а бројот на граѓани што се изјасниле како Македонци е зголемен од 97.000 на сегашните 111.352, што е потврда дека продолжува иселувањето на овој континент. Најголем број од нашите иселеници живеат во сојузната држава Викторија (49.429) , а најмалку (78) во централна Австралија, т.е. Cеверната Територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.