Австралиските власти испитуваат случај на тромбоза кај пациент кој бил вакциниран против коронавирус со вакцината на „Астра зенека“, објави телевизијата АБЦ повикувајќи се на вршителот на должност австралиски санитарен инспектор Мајкл Кид.

Пациент на 44-годишна возраст, вакциниран против коронавирусот на 22 март, е хоспитализиран со тешка тромбоза и моментно се лекува во болница во Мелбурн.

Овој случај во моментов го истражува Администрацијата за терапевтски производи (ТГА) и утре наутро ќе се одржи состанок за да се разгледа случајот и да се утврди дали може да се поврзе со вакцината на Астра Зенека, истакна Кид.

Тој ги предупреди граѓаните доколку примиле вакцина на „Астра зенека“ и имаат постојана главоболка или други вознемирувачки симптоми од четвртиот до дваесетиот ден по вакцинирањето, тогаш веднаш да побараат лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.