Австралија го одложи планираното отворање на границите за студенти и квалификувани работници, наведувајќи ја неизвесноста за опасностите и преносливоста на новиот сој на корона вирусот – Омикрон.

Австралискиот премиер, Скот Морисон, по вонредната седница, изјави дека отворањето нема да биде воведено на 1 декември како што беше планирано и дека ќе биде одложено за најмалку две недели.

Морисон порача дека станува збор за „неопходно и привремено“ одложување кое се заснова на медицински препораки.

Границите на Австралија се затворени повеќе од 20 месеци за лица кои не се државјани.

Австралија регистрира пет случаи на Омикрон варијаната кај патници кои пристигнале од јужниот дел на Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.