Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд по извештаите дека таму не е откриен ниту еден нов локален случај на Ковид-19. Со оваа одлука, патниците од Нов Зеланд се единствените странци за кои не е потребен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Австралија.

Австралиските власти соопштија дека пристигнувањата од Нов Зеланд се сметаат за доволно нискоризични, бидејќи властите во таа земја презедоа силни мерки за сузбивање на епидемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.