Механичар на превозникот „Американ Ерлјанс“ е задржан денеска поради основано сомнение за саботажа на патнички авион што требал да полета со 150 патници од меѓународниот аеродром во Мајами во јули годинава.

Според обвинението, поднесено до федерален суд во Мајами, Абдул-Маџид Маруф Ахмед Алани, механичар со долг стаж во компанијата, е обвинет за „обид за намерно оштетување, уништување, оневозможување или хаварисување на летало“.

Алани (60), на 17 јули годинава, наводно се обидел да го оштети или онеспособи модулот за воздушни податоци (АДМ систем) што предава информации за брзината, аголот на полетување и слетување и други критични детаљи за леталото.

Алани изјави дека немал намера да предизвика штета на леталото или повреда на патниците, се вели во тужбата и се додава дека “тој не бил задоволен со договорот што синдикатот го посигнал со компанијата со што му била намалена платата.“

Според тужбата, Алани го фризирал леталото за да остане прекувремено на работа.

Во моментот кога авионот се нашол на пистата и започнал да ја зголемува брзината за да полета, пилотите добиле сигнал за грешка во АДМ системот, по што полетувањето било прекинато. Авионот се вратил покрај терминалот, никој од патниците не бил повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.