Пакистански патнички авион со повеќе од 100 патници се урна во врз населено место во близина на аеродромот во градот Карачи.

Се работи за Ербас – а-320 на компанијата „Пакистан Интернешанл ерлајнс“, кој патувал од Лахоре до Карачи и според пакистанските власти превезувал 99 патници и осумчлен екипаж.

Се уште нема информации за загинати и повредени. Бројни спасувачи се на местото на несреќата, од каде според објавените фотографии се издигал густ чад. Нема детали ниту за жртви во станбената област, каде се урнало леталото. Несреќата доаѓа само неколку дена откако земјата почна да дозволува комерцијални летови, по повеќе неделната забрана поради корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.