Три лица загинале кога мал авион се урнал во куќа надвор од Детроит, објави шерифот на округот Оукленд.

Се верува дека пилотот и двајца патници загинале, соопшти канцеларијата на шерифот. Петчлено семејство кое живеело во куќата избегало пред да падне авионот, но куќата била зафатена од пламен, соопшти канцеларијата. Куќата се наоѓа во градот Лион, околу 40 километри западно од Детроит.

Мајката за Си-Ен-Ен изјавила дека семејството било внатре кога авионот се срушил. Таа рече дека во дневната соба се расправале за кој филм да гледаат и дека само што преминале во друга просторија, авионот паднал врз нивната куќа, јавува „ВДИВ“.

Да останевме во дневната, ќе беше друга приказна. Сега загина само мачката, изјавиле.

Жителите на населбата отсекогаш живееле во страв од авионска несреќа, зашто населбата е на само еден километар од аеродром.

Имам двајца браќа и сестри на возраст под 2 години и тие спиеја горе… загрижени сме дека ова можеше да ни се случи и нам, бидејќи авионите тука летаат ниско, рекол сосед во изјава за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.