Две лица загинаа во падот на мал авион за обука во централниот дел на турската провинција Бурса, изјави денеска локалниот функционер Јакуп Чанболат, пренесоа турските медиуми.

Авионот, кој се користел за обука за летање, удрил во улица во селото Багларбаси во близина на аеродромот Јунусели во провинцијата. На земја нема повредени.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад.

Локалниот функционер Јакуп Чанболат истакна дека во авионската несреќа се оштетени две куќи и две возила, како и дека во тек е истрага за причините за несреќата, но засега се претпоставува дека се работи за техничка грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.