Авион излета од писта при слетувањето на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул Турциј. Според непотврдени информации на турските медиуми, патниците сè уште се наоѓаат во авионот.

Станува збор за летало на компанијата „Пегасус“, кој летал од Измир до Истанбул. Од силината на ударот, авионот е преполовен.

Екипи на полицијата и Брзата помош се на лице место, се очекуваат подетални информации наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.