Авион „Ербас А319“ на авиокомпанијата „Ер Франс“ утрово принудно слетал во Луксембург поради „вонредни причини“.

Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметје во кон парискиот „Шарл де Гол“, каде требало да слета по околу четири часа лет. Но, екипажот испратил сигнал за вонредна ситуација над реонот на Луксембург и се спуштил на луксембуршкиот аеродром.

Според „Ер Франс“, авионот без проблеми се приземјил во Луксембург и откако ќе биде извршена целосна техничка проверка ќе може да го продолжи летот кон Париз.

Засега не се соопштени никакви детали за вонредната ситуација на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.