Британскиот регулатор за заштита на конкурентност на пазарот го истражува преземањето на американскиот производител на лекови „Алексион“ од страна на компанијата „АстраЗенека“, зделка вредна 39 милијарди долари, поради сомневања за можно сузбивање на конкуренцијата на британските или други пазари.

Британската агенција соопшти дека бара коментари од сите засегнати страни во врска со договорот за преземање, со цел да донесе одлука и да го процени преземањето. Крајниот рок за коментари е 3 јуни.

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ во декември склучи договор да го купи „Алексион“ со досега најскапиот договор во историјата на компанијата, во обид да се прошири од брзорастечкиот бизнис со лекови против рак во лекови за ретки болести и за јакнење имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.