Производителот на вакцини „Астра зенека“ одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус.

Средбата беше откажана по експлозивното интервју на извршниот директор на „Астра зенека“  Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде се од себе“ и да ја снабди ЕУ со својата вакцина.

Наместо состанокот што беше планиран вечерва, компанијата писмено ќе одговори на еврокомесарката Стела Киријакидес, која побара објаснување од „Астра зенека“ зошто доцни со испорака и производство на вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.