Ирскaтa активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1976 година, Марид Кориган Мекгваер, ги номинираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и свиркачите, Едвард Сноуден и Челси Менинг за Нобелова награда во 2021 година.

Како што објави „Ајриш њуз“, во писмото до Нобеловиот комитет во Норвешка, таа напишала дека сите тројца индивидуално дале пример за храброст во разоткривањето на незаконските постапки на властите што доведувале до смрт на милиони луѓе.

Мегвајер истакнува дека Асанж, Сноуден и Менинг ги ризикувале своите слободи и животи за јавно добро и дека колективно нивната жртва и несебичност е одлична демонстрација на големината на човечкиот дух.

Асанж се соочува со максимум 175 години затвор за 18 точки во САД, Сноуден може да биде осуден на максимум 10 години затвор, додека Менинг беше осуден на 35 години затвор во 2013 година, но беше помилуван од тогашниот претседател Барак Обама четири години подоцна.

Менинг подоцна беше осуден(а) на затворска казна во март 2019 година, откако одби да сведочи за нејзината поврзаност со Асанж, но една година подоцна беше ослободена со парична казна од 256 000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.