Американското Министерство за правда одлучи да не покрене обвинение против основачот на Викиликс Џулијан Асанж поради неговата улога во откривањето на поедини тајни алатки на ЦИА за шпионирање, јави бриселскиот сајт Политико, повикувајќи се на американски функционер и уште две лица запознаени со случајот.

Таквиот чекор ги изненадил експертите за национална безбедност и некои поранешни функционери, со оглед на неодамнешната одлука на обвинителството Асанж да го обвини за кршење на Законот за шпионажа, наведува Политико.

Се истакнува и дека ваквата одлука значи дека Асанж нема да се соочи со казна за јавна објава на дигитални шифри, познати како Волт 7, едни од најмоќните кои ЦИА ги користела за хакирање апарати.

Тоа предизвика некои алатки да станат бескорисни за ЦИА и им обезбеди пристап на странски шпиони и хакери до тие алатки.

Асанж е во затворот Белмарш во Лондон, каде отслужува казна од 50 недели поради кршење на условите за кауција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.