Средба со турскиот претсесдател Реџеп Тајип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за телевизијата „Раша Тудеј” (РТ).

Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба – изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.

Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.

Ние не ја гледаме Турција како непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика – подвлече шефот на сириската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.