Арсовска на терен со директорите на јавните претпријатија, со координирана акција службите од Град Скопје интензивно работат на чистење и проодност на булеварите

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на терен во увид на состојбата на улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје.
Арсовска денеска заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов, директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, ја координираше акцијата на службите за чистење и проодност на улиците и булеварите низ главниот град.

Се изврши увид на состојбата на главните булевари, кои се проодни, а од вечерните часови вчера и рано утринава продолжува веќе почнатата акција на интензивно чистење. Улиците и булеварите се проодни, сите јавни претпријатија и зимската служба интензивно работат за проодност и чисти површини од обилните снежни врнежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.