Конгресот во Аргентина одобри воведување закон за еднократен данок на богатство. Ваквата ерка е во рамки на напорите на Владата која се обидува да ги зголеми приходите што се силно погодени од пандемијата.

Сенаторите дадоа конечно одобрување на таканаречениот Закон за солидарност и вонредни придонеси, кој веќе беше изгласан од членовите на Долниот дом на Парламентот, со 42 гласа „за“ и 26 „против“.

Законот пропишува еднократен данок од најмалку два проценти за физички лица кои имаат имот вреден повеќе од 2,01 милиони евра (200 милиони пезоси), а целта на Владата е да собере 3,04 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.