Во кинескиот град Вухан, којшто се смета за извор на пандемијата на Ковид-19, минатиот викенд имаше случувања апсолутно неверојатни за целиот свет.

По повод прославата на „Ноќта на вештерките“ илјадници луѓе излегоа на улиците и учествуваа во забавите без каква и да е социјална дистанца.

Единствени коишто носеа маски беа луѓето што беа маскирани, односно носеа костими пригодни за маскенбалите што се традиција за овој празник.

Со оглед на тоа што се случуваше во Вухан, се чини како во овој град никогаш да не бил присутен корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.