Синоќа беше уапсен еден од лидерите на наркокартелот Овидио Гузман Лопез, синот на Ел Чапо што предизвика војна на улиците на севереот на Мексико.

Во мексикански Кулиакан избувнаа судири меѓу безбедносните сили и припадниците на наркокартелот Синалоа, чиј поранешен лидер е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Според „Би-би-си“, членовите на Синалоа организирале голем напад за што е можно поскоро да го извлечат помладиот Гузман од затвор. Нема официјални извештаи, но се појавија фотографии од мртви тела и запалени автомобили низ градот.

Објавени се и снимки од конфликти во кои се слушаат истрели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.