Колона војни камиони ги одвезла синоќа ковчезите со телата на починатите од корона вирусот од градот Бергам, кој не може да се избори со преголемиот број на жртви од корона вирусот.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки.

Во Бергам е преголема кризата со бројот на заболени и починати. Надлежните служи, поради преголемиот број на жртви ја ангажираа војската ковчезите на починатите да ги префрли со војни камиони во одалечените градови. Таму би требало да бидат кремирани.

Вкупно 31 ковчега со телата на жртвите ќе биде кремирани веднаш во Модена, пренесува италијанскиот Република, додека Кориера дел сере, пишува дека 60 ковчези со војни камиони ќе бидат префрлени во други покраини, каде ќе бидат кремирани.

Во Италија заболени се вкупно 35.713 лица, додека починати се 2.987 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.