Околу 500 демонстранти излегоа на улиците во Москва барајќи оставка од претседателот Владимир Путин. Тие се незадоволни од уставните промени кои на Путин ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште два мандати во вкупно траење од 16 години.

Опозициските активсти тврдат дека гласањето било нелегитимно и дека е време Путин да поднесе оставка, бидејќи како премиер или претседател на власт е повеќе од 2 децении.

Во текот на минатата недела полицијата уапсила двајца активисти вклучени во кампањата против уставните реформи, а исто така, непосредно пред закажаниот протест извршен бил претрес на становите на уште пет лица.

Во престолнината на Русија масовните собири моментално се забранети поради епидемиолошките мерки, но и во нормални околности за одржување на протест неопходно е претходно одобрение од власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.