Групата, која е позната по таргетирање и сајбер напади, се смири во последните години, но по последните настани во САД и масовните протести, одлучи да „излезе од сенка“.

Во врска со протестите кои се одговор на убиството на Џорџ Флојд, Анонимните извршија разни форми на сајбер напади, а еден од нив најверојатно е нападот на сајтот на полицијата на Минеаполис, кој беше соборен во текот на викендот.
Групата Aнонимни е позната по тоа што нема лидер и во неа членуваат лица кои имаат различни приоритети, но заеднички цели им се оние за кои сметаат дека ја злоупотребуваат својата моќ и ги напаѓаат со уривање на нивните сајтови или им го исклучуваат интернетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.