Германската канцеларка Ангела Меркел е ставена во карантин откако било потврдено дека докторот со кого била во контакт е заразен со коронавирус, објавија германските медиуми.

Меркел неодамна ѝ се обрати на нацијата и во својот говор ги предупреди граѓаните на Германија дека постои голема опасност од понатамошно ширење на коронавирусот. Меркел ги повика Германците да ги почитуваат апсолутно сите препораки на владата со цел да се намали ширењето на коронавирусот и со тоа да се избегне преоптоварување на здравствениот систем на државата.

Инаку, Германија во овој момент има значително помал број на починати (93) како последица на коронавирусот, во споредба со другите поголеми западноевропски земји како што се Франција, Шпанија и секако Италија која е најпогодена од пандемијата на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.