Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во Кралскиот одбранбен институт на Обединетите нации во Лондон, за „Би-Би-Си“ ја дава најновата оценка за движењето на руските воени сили во Украина.

Ватлинг вели дека Русите веќе ги ангажирале повеќето сили што ги имале акумулирано, дека повеќето од тие сили се веќ во Украина и дека Русија не е во можност да ги прераспредели тие сили низ целата земја.

Значи, тие сега напредуваат онаму каде што вложуваат големи напори во однос на ресурсите и логистиката. Главните напори во моментот се на југ, каде што руските сили се обидуваат да ја завршат битката за Мариупол и потоа да ги опколат украинските воени единици во Донбас, со цел да ги отсечат потиснувајќќи ги од југ кон север – вели Вотлинг.

Тој додава дека Руските трупи меѓу Херсон и Миколаев се статични и малку е веројатно дека ќе можат да напредуваат во тој дел.

Експертот вели и дека Русите се фокусираат на потиснување на украинските сили од Крим на север по реката Днепар со цел да се обидат да ја опколат областа каде што се наоѓаат голем дел од најдобрите украински единици.

Русите во првиот дел од конфликтот напредуваа по повеќе оски отколку што можеа да задржат, а сега се во позиција да напредуваат само по една оска во исто време. Се чини дека нивниот сегашен приоритет е да ги поразат украинските сили во Донбас ако можат. Откако ќе завршат во Мариупол, веројатно ќе ја зајакнат оската кон Харков северно од Донбас – вели Ватлинг.

Тој заклучува дека намерата на руските сили е полека и методично да ги преземаат градовите еден по еден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.