Глобалниот бес поради руската инвазија на Украина минатата година само ги разоткри „двојните стандарди“ на Западот кон кршењето на човековите права ширум светот, соопшти „Амнести интернешнал“.

Во својот годишен светски извештај за 2022 година, „Амнести интернешнал“ укажа на, како што го опиша, молкот на Западот за правата во Саудиска Арабија, репресијата во Египет и постапувањето на Израел кон Палестинците.

Силичниот одговор на Западот на руската воена операција во Украина ги истакна двојните стандарди, разоткривајќи колку безначајни биле нивните реакции на толку многу други прекршувања на Повелбата на ОН.

Рускиот напад, кој почна на 24 февруари 2022 година, ни даде многу редок увид на тоа што е можно кога постои политичка волја да се дејствува, додека Западот ги затвора редовите за поддршка на Украина“, изјави генералниот секретар на „Амнести интернешнал“, Агнес Каламард додека го промовираше светскиот извештај на групата во Париз.

По војната, западните земји воведоа санкции кон Москва и ги отворија границите за украинските бегалци, а Меѓународниот кривичен суд почна истрага за воени злосторства во Украина.

„Амнести интернешнал“ соопшти дека конфликтот ги истакнал недостатоците во одговорот на кршењето на правата во другите делови на светот, како и „заглушувачкиот молк на Западот за состојбата со човековите права во Саудиска Арабија, неактивноста кон Египет и одбивањето да се соочи со израелскиот систем на апартхејд против Палестинците“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.