Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија се обидува да се вмеша во изборите во САД за Трамп повторно да победи.

Изворите ја поделиле оваа информација со медиумите по состанокот во Белата Куќа со разузнавачкиот одбор.

Трамп наводно бил бесен бидејќи на состанокот присуствувал и човек кој го водел процесот за отповикување на Трамп и демократите можат да ја искористат информацијата против него во кампањата.

Американските разузнавачите истакнаа дека Русија се мешала и во изборите во 2016 година со цел да предизвикаат хаос во изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.