Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар синоќа поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз Конгресот бил напад врз демократијата и оти „би можел да го оцрни наследството на администарцијата“ на Трамп.

Азар во оставката поднесена на 12 јануари до претседателот во заминување Доналд Трамп ги наведе и успесите на администрацијата, меѓу кои и брзиот развој на вакцина и терапија против ковид-19.

Тој изрази загриженост и поради неоснованите тврдања на Трамп за изборна измама на претседателските избори.

– Нападите врз Капитол беа напади врз нашата демократија и врз традицијата за мирен пренос на власта – наведе Азар во оставката.

Тој ќе остане на функцијата до стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.