Американскиот ракетен разорувач „Доналд Кук” со наведувано ракетно оружје се упати кон Црното Море во патрола.

Доналд Кук ДДГ-75 почна да го преминува теснецот во Црното Море. Бродовите на американската морнарица редовно патролираат низ овие води како поддршка на нашите сојузници и партнери во НАТО – објавија од американската Шеста флота на Твитер.

Во објавта се посочува дека претстојниот влез на разорувачот во Црното Море ќе биде седми за американските бродови во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.