Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Парацелз.

Во соопштението се наведува дека кинеската армија го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови, со што го нарушил мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштенеито на Јужната команда на кинеската армија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.