Директорот на Агенцијата за лекови на ЕУ Гуидо Раси најави издавање дозвола за употреба на ремдесивир во третманот на новиот коронавирус.

Станува збор за продукт на американската фармацевтска компанија „Гилеад“, што според првичните истражувања го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот коронавирус за 31 процент во однос на плацебо.

– Можно е во следните денови да се издаде условна лиценца за лекот , изјави Раси пред Европскиот парламент.

Европската агенција за лекови препорача ремдесивир во третманот на новиот коронавирус за најтешките случаи на инфекција и пред да издаде официјално овластување за употреба.

САД издадоа дозвола за итна употреба за ремедивир во своите болници на 1 мај, а клиничките истражувања за овој лек треба да биде готови до крајот на месецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.