Американскиот експерт за инфективни болести, Мајкл Остерхолм, предувидува нов страшен замав на пандемијата на Ковид-19 во САД поради опасноста од ширење на британската мутација на корона вирусот.

Остерхолм вели дека на САД им се заканува, како што вели, „ураган од петта категорија“ во обликот на новиот и многу позаразен вид на корона вирусот.

Ќе видиме нешто кое што досега не сме го виделе во оваа земја. Замислете каде се наоѓаме моментално, седиме на некоја плажа каде што има пријатна температура и совршено сино небо и нежен ветер. Но, гледам ураган од петта категорија, на 700 километри од крајбрежјето. Да им кажете на луѓето да се евакуираат во текот на денот – тешко. Но, можам да ви кажам дека тој ураган доаѓа – изјави Остерхолм за „НБЦ“.

Остерхолм упати и апел што повеќе луѓе да се вакцинираат против корона вирусот, особено повозрасното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.