Американскиот дипломат Џејсон Риф ја убил својата сопруга Лола Гуломова, па си пукал во глава. Оваа трагедија следувала наместо развод, а иницијална каписла, според американските медиуми, било тоа што Риф „бил лут кога дознал дека Гуломова прифатила четиригодишен мандат во амбасадата на САД во Белград“.
Врховниот суд во Вашингтон требало во петокот да го има завршниот збор за разводот на Гуломова и Риф, но за жал до тоа не дојде. Непосредно пред почетокот на сослушувањето во 10 часот, адвокатот на Риф добил итна порака од својот клиент, открива за „Вашингтон пост“ полициски службеник.

Полицијата добила повик дека нешто чудно се случува во куќата на двојката во близина на американскиот универзитет на северозападот на Вашингтон. Кога дошле во куќата полицајците го затекнале Риф (51) кој си пукал себе си во глава, додека во другата просторија лежело телото на неговата сопруга Лола Гуломова (45). Се верува дека Риф ја усмртил пред да си пресуди себе си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.