Компанијата „Модерна“ којашто заедно со американскиот Национален институт за алергии и заразни болести вложува напори да создаде ефикасна и безбедна вакцина против Ковид-19, соопшти дека цената на вакцината ќе биде повисока од претходно објавеното.

Пред неколку денови, „Фајненшл тајмс“ објави дека цената на вакцината ќе се движи од 21 до 25 евра, но од „Модерна“ соооштија дека една доза на вакцината ќе чии најмалку 27 евра, а таа цена може да биде и 31 евро. Како што објаснуваат од компанијата, вакцината ќе има „пандемиска цена “ и ќе зависи од количините што ќр ги нарача секоја земја. Од компанијата сепак, очекуваат дека вакцината ќе биде универзално достапна.

Соработуваме со Влади низ целиот свет, но и со рзни организации за да се осигураме дека вакцината ќе биде достапна независно од куповната моќ – изјавила извршниот директор на „Модерна“, Стефани Бансел во разговор со инвеститори.

Тоа практично знаи дека цената ќе биде пониска за оние држави коишто ќе нарачаат големи количества од вакцината. Истовремено, од компанијата појаснуваат дека за „мала“ нарачка ќе се смета барањето за неколку милиони дози.

Соопштувањето на цената на вакцината се случи за време на презентација на финансиските резултати на „Модерна“ во вториот квартал од 2020 година, во кој компанијата ги зголемила своите приходи за петпати и тие изнесуваат 66,4 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.