Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, во интервју за „ПБС“ изјави дека официјален Вашингтон, во моментов не очекува Русија да го загуби статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, но ќе продолжи со напорите да ја изолира Москва.

Многу сум свесна и сочувствувам со ставот на претседателот на Украина дека Советот за безбедност реагираше бавно, но ние преземаме доста агресивни акции против Русите откако сето ова почна и ќе продолжиме да го правиме тоа – порача Томас Гринфилд.

Таа изјави и дека ги разбира барањата на Украина за преиспитување на постојаното место на Русија во Советот за безбедност, но дека „во моментов не гледа дека тоа ќе се смени“.

Амбасадорката додаде дека Русија претходно се заканувала дека ќе користи нуклеарно оружје и дека лажно ги обвинила САД и Украина за планови за употреба на хемиско оружје.

Руската амбасада во САД претходно соопшти дека обвинувањата на Вашингтон дека Русија ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје се неосновани, а портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, ја обвини украинската Служба за безбедност дека планирала да користи токсични материи против цивили со поддршка на западните земји, за подоцна да ја обвинат Русија за тоа, пренесе Тас



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.