Една жена од Тексас вели дека толку ѝ е преку глава од поддршката на нејзиниот сопруг на претседателот Доналд Трамп што ќе го напушти ако тој не гласа за ривалот, демократот Џо Бајден.

Омажена сум за приврзаник на Трамп. Сериозно велам дека ако тој не не освести и не гласа за Бајден – Харис, јас ќе го напуштам – напиша жената идентификувана како Беверли М. на Твитер.

Беверли М. се идентификува како поддржувач на „Блек лајвс медр“ и вели дека се преселила во Тексас од Средниот Запад во 80-тите години на минатиот век. Таа вели дека се омажила за својот сопруг пред да биде избран Трамп и дека гласала за Хилари Клинтон во 2016 година.

Поминаа тешки четири години, најблаго речено – додава таа.

Беверли М. вели дека со толку голем влог на изборите во 2020 година смета оти приврзаниците на Трамп се себични.

Затоа сум му лута на мојот сопруг. Кога го молам да го стори ова за нашите деца и за нашите идни внуци, а нему не му е важно, тоа е освестувачки – вели таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.