Главниот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи, изјави оти не очекува дека когаб ќе биде пронајдена, вакцината против корона вирусот да биде 100 проценти ефикасна.

Како што истакнува американскиот епидемиолог, според него, би било добро вакцината да дава резултати кај три четвртини од луѓето што ќе ја примат.

Не знаеме колку ќе биде ефикасна вакцината, дали ќе биде 50 или 60 проценти. Јас би сакал да биде ефикасна 75 проценти или повеќе – изјави Фаучи во обраќање на онлајн семинар на Универзитетот Браун.

Фаучи порача дека и концептот за јавно здравство не треба никогаш да се напушти затоа што е невозможно да се развие вакцина што е делотворна до 98 проценти.

Тоа значи дека луѓето во САД и другите делови на светот мора да продолжат да одржуваат физичко растојание, да носат заштитни маски и да избегнуваат гужва со цел да се запре ширењето на вирусот – смета Фаучи.

Властите во САД потенцираа дека секоја вакцина ќе треба да биде детално прегледана и испитана пред да може да се одобри нејзината употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.