Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Нејли се меѓу кандидатите за функцијата претседател на Светска банка, објави Фајненшал тајмс.

Весникот не прецизира извор за информацијата.

На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Таа не може да биде претседател на СБ бидејќи по правило претседател на таа банка е од САД.

Банката ќе прекине со разгледување кандидатури во средината на февруари, а изборот на нов претседател ќе биде во средината на април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.