Голем скандал ја стресе компанијата „Амазон“ во Франција откако на продажба се најдоа секс кукли со детски изглед.

Компанијата веднаш ги повлекла куклите од пазарот, особено откако Здружението за заштита на децата издало предупредување дека овие кукли се нашле во понудата.

Адријен Такет, францускиот државен секретар за заштита на деата, објави дека „Амазон“ ги повлекол спорните кукли од понудата.

Забрана за педофилија е задолжителна во нашето општество – напиша на Такет на Твитер.

Меѓутоа, истата вечер на интернет повторно се појавиле грозоморни фотографии, на коишто се гледаат кукли бебиња и млади девојчиња врзани или облечени во чудна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.