Британскиот регулатор за конкуренција на пазарот денеска отвори официјална истрага за да утврди дали компаниите „Амазон“ и „Гугл“ презеле доволно мерки за борба против фалсификување на рејтингот на производите.

Агенцијата за пазарна конкуренција (ЦМА) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да одлучи дали компаниите го прекршиле законот за потрошувачи со тоа што не презеле доволно сеопфатни мерки за заштита на клиентите.

Првичната истрага на ЦМА, започната во мај 2020 година, ги анализираше внатрешните системи и процесите на неколку платформи за идентификување и решавање на нарачаните рејтинзи на производите.

Загрижени сме што читањето фалсификувани рејтинзи може да доведе милиони купувачи на интернет на погрешни заклучоци, а потоа да потрошат пари врз основа на овие препораки – рече извршниот директор на ЦМА, Андреа Косцели.

Регулаторот денеска соопшти и дека е загрижен што системите на „Амазон“ не успеале соодветно да спречат манипулација со рангирањето на производите и да ги одвратат продавачите од ваквите практики.

Исто така, не е фер ако некои компании фалсификуваат рејтинг што им дава на нивните производи или услуги пет sвезди и на тој начин видно место на списокот, додека губат компаниите што го почитуваат законот- додаде Косцели.

ЦМА минатата година презеде чекори за ограничување на трговијата со рејтинг на производи, што резултираше во отстранување на одредени групи од Фејсбук, Инстаграм и Ибеј и забрана за поединци да купуваат и продаваат оценки на нивните страници.

Регулаторот нагласи дека сè уште не одлучил дали „Амазон“ и „Гугл“ го прекршиле законот за заштита на потрошувачите.

„Амазон“ соопшти дека ќе продолжи да и помага на ЦМА во истрагата.

Ние сме решени да ја заштитиме нашата трговија и ќе преземеме чекори за запирање на лажните рецензии, без оглед на големината и локацијата на оние кои го прекршиле законот – рече портпаролот.

„Гугл“ не одговори веднаш на барањето да даде коментар за истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.