Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија. Ваквата изјава на Столтенберг доаѓа откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор.

Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и на средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот НАТО-Русија.

Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниското ниво од крајот на Студената војна. Но, за нас, тоа не е причина да немаме дијалог – изјави Столтенберг на прес -конференција.

Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине сите активности на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако Алијансата протера осуммина руски дипломати од мисијата поради наводна шпионажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.