Десетици турски националистички активисти маршираа во Дижон против Ерменија, непочитувајќи го полицискиот час, со многу знамиња и извикувајќи го слоганот „Алах акбар“. Префектурата на Дижон на најостар начин ги осуди овие демонстрации, јави дописникот на МИА.

Демонстрацијата на сила на турските националисти во Дижон беше првенствено насочена кон ерменската заедница, поради конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, поддржан од Турција, во регионот Нагорно Карабах, оддалечен илјадници километри од Франција. Неодамнешните декларации на турскиот претседател Ердоган против Франција и Емануел Макрон, по објавувањето на карикатури на Мухамед, исто така беа во можност да го фаворизираат овој ветер на гнев со етнички и верски призвук, пишува новинарот.

На „Твитер“ видеата покажуваат дека десетици демонстранти веат турски знамиња и извикуваат „Алах акбар“ во центарот на градот Дижон. По неколкуминутно парадирање, демонстрантите беа опколени од полицијата и потоа беа оттурнати со солзавец кон станицата, каде што групата конечно се разотиде.

&

;

Префектот на Златниот брег – Дижон, Фабиен Судри ја „осуди на најсостар начин“ оваа иницијатива. Префектурата од Дижон, нагласи дека демонстрантите дошле од повеќе градови и дека немало ехо од ерменската заедница. На прашањето за зголемувањето на судирите во заедницата, префектурата потсетува на „загриженоста на владата за подемот на сепаратизмот“ воопшто, префектурите „работеа на потсетување на важноста на републиканската порака“.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманан, додаде дека неговите служби ги користат видеата од демострациите „за можни апсења“.

Дури и во периодот на Ковид, можеме да демонстрираме, но немаме право да истакнуваме пароли против Републиката, затоа ќе бидат преземени мерки и тоа нема да продолжи, увери тој.

Подоцна во текот на денот беше отворена истрага за „учество во насилна група со цел да предизвика насилство и деградација“, „насилство во група врз припадници на силите на редот“ и „организирање на демонстрации без декларација“, соопшти обвинителот на Дижон, Ерик Матаис.

Неколку политичари се побунија против одговорот на владата, кој го сметаа за премногу слаб. Ерик Сиоти (Републиканци) оцени дека демонстрациите се случиле само неколку часа по нападот во Ница, каде што напаѓачот исто така извикал „Алах акбар“.

Како можеме да ги прифатиме овие изрази на заедница? Ние мора да ги уапсиме сите што го прекршиле полицискиот час и кои ги прекршиле законите на Републиката. Тие мора да бидат протерани во Турција, предложи пратеникот од десницата.

Валери Боајер (Републикканци), самата ангажирана неколку години во одбрана на ерменската кауза, ги осуди турските националисти кои им пркосеа на „француските власти во општа рамнодушност“.

Настанот е само продолжување на серија слични демонстрации на сила. Ден пред инцидентите во Дижон, десетици припадници на турската заедница го зафатија предградието на Лион, Децин-Шарпио, каде што има спомен обележје посветено на сеќавањето на ерменскиот геноцид. Префектурата на Рона спроведе безбедносна операција за да спречи каква било агресија. Истиот ден, во утринските часови, на автопатот А7 кој беше запрен во близина на патарината на Виена, во Изер. На про-ерменските активисти на лице место им се придружија и нивните про-турски противници. При тоа имаше четворица повредени, пред да интервенира полицијата.

Во јуни исто така во Дижон дојде до судири меѓу чеченската и арапската заедница на градот што предизвика вистинска паника, а беа оштетени многу приватни и јавни објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.