Војната против САД е далеку од завршена и ќе продолжи на сите фронтови се додека не бидат протерани од остатокот на „исламскиот свет“, тврдат двајца лидери на терористичката организација Ал Каеда за Си Ен Ен.

Таа изјава следи откако американскиот претседател Џо Бајден најави повлекување на американските војници од Авганистан, во пресрет на 10-годишнината  од убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Како што се наведува, останува нејасно зошто Ал Каеда одлучила токму сега да се огласи и тоа преку Си Ен Ен, имајќи предвид дека досега давала изјави преку своите пропагандни медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.