Авганистанската активистка за правата на жените Зарифа Гафари е успешно евакуирана од нејзината земја во Германија.

Според владата на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, таа слетала на аеродромот во Кел со членовите на своето семејство, по што се сретнала во Дизелдорф со провинцискиот премиер Армин Лашет.

Гафари претходно беше градоначалник на авганистанскиот град Мајдан Шар.

Минатата недела, под драматични околности, успеа да стигне до аеродромот во Кабул, од каде што беше префрлена во Исламабад, а потоа и во Истанбул. Евакуацијата сега е успешно завршена со пренесување во Германија.

Лашет, кандидатот за канцелар на германската владејачка конзервативна коалиција ЦДУ / ЦСУ, посочи дека Зарифа Гафари е една од најангажираните активисти во Авганистан.

„Мораме да ја имаме предвид судбината на жените во Авганистан. Мораме да разговараме за тоа, да извршиме притисок врз талибанците и треба да им помогнеме на уште повеќе жени да ја напуштат земјата во наредните денови“, рече Лашет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.