Во случај на добиен втор мандат, претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја зацврсти имиграциската политика, изјави денеска неговиот висок советник Стивен Милер.

Во интервју за Ен-би-си, Милер откри дека се разгледуваат четири можни идеи – да се ограничи рокот на дадениот азил, да се затворат „градовите-прибежишта“, да се рашири забраната за влез на државјани на други земји и да се зголемат барањата за примателите на работна виза.

Во САД, „градови прибежишта“ се нарекуваат оние градски конгломерати кои одбиваат да соработуваат со сојузната власт во идентификување на нелегалните имигранти. Во суштина, тие градови им даваат право на имигрантите да живеат во земјата без документи.

Советникот на Трамп прецизираше дека претседателот има за цел да ги „повиши стандардите за влез“ во САД. Тој истакна дека треба да се направат реформа на имиграцискиот законик.

Трамп во јуни потпиша документ со кој се ограничи влезот на имигранти по цела низа визи, вклучувајќи и за висококвалификувани работници. Во Администрацијата појаснија дека таа мерка ќе помогне да се зачуваат места за невработените Американци. Во август, американската Служба за државјанство и имиграција (УСЦИС), ги покачи имиграциските такси за 20 отсто, со образложение дека има трошоци за борба со измами со мигрантите и за детална проверка на апликантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.