Доколку во новата учебна година наставата биде онлајн, една третина од италијанските мајки се подготвени да ги напуштат своите работни места, а дури 65% изјавиле дека часовите преку интернет не се компатибилни со вработеноста на жените.

Ова се податоците од истражувањето спроведено од професорката Џулија Пастори од Универзитетот Бикоча од Милано, на примерок од 7000 семејства.

Според истражувачите, италијанското семејство е традиционално и повеќето веруваат дека „е работа на жената / мајката да се грижи за децата“, а дури 95% од испитаниците рекле дека за време на пандемијата и на интернет часовите, мајките ја вршеле својата работа преку Интернет и им помагале на децата.

За време на карантинот, мајките им посветувале просечно 4 часа на ден на своите деца, па тие практично вршеле две работи паралелно, својата и онаа на воспитувачите, посочува авторот на истражувањето, проф. Пастори.

Грда, неефикасна, демотивирачка, неподнослива, непријатна – со овие атрибути, интервјуираните мајки ги опишале часовите преку Интернет на своите деца.

Некои анкетирани мајки рекле дека работењето од дома и часовите преку Интернет ја замаглувале разликата помеѓу приватното и професионалното и дека немале работно време, а некои рекле дека имале проблеми „да го сочуваат семејството заедно“, но сите како апели за помош во наставата преку Интернет не може да биде единствената опција.

Родителите, особено мајките, се исто така загрижени за тоа како ќе се одвива следната учебна година, дали ќе биде можно да се почитува растојанието во училиштата и да се применат неопходните мерки за хигиена, но и дали училишните простории се на соодветно ниво.

Проф. Пастори потсетува дека странските студенти кои дошле да студираат во Италија, во претходното истражување, рекле дека се „шокирани што земја толку убава како Италија има толку грди, мали, здодевни и валкани училишта“.

По карантинот и пред можноста за нов бран на инфекција, треба да се има предвид фактот дека децата лошо ги доживеале интернет часовите, дека покажале лоша концентрација, здодевност и меланхолија, и дека мајките играле улога на импровизирани психолози и педагози – предупредува професорката Џулија Пастори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.