Вработените во авиокомпанијата „КЛМ“ на аеродромот во Амстердам ,Шипол“, подготвуваат ладилници во кои ќе ги примат вакцините против Ковид-19, што  мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет.

Преку овој аеродром веќе беа дистриубирани вакцините што беа во фаза на клинички испитувања, а управата на аеродромот вели дека се подготвени за транспорт и на вакцините за широка потрошувачка.

Подготвени сме, сега е најважно вакцините да се дистрибуираат со најбрзо можно темпо – изјави извршниот директор на „КЛМ“, Питер Елберс.

Вакцините произведени од компанијата „Фајзер“ мора да се чуваат на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата „Модерна“ треба да се чуваат на температура од минус 20 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.