Администрацијата на новиот американски претседател, Џо Бајден, ја повика Русија веднаш да ги ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници, кои се уапсени за време на саботните протести во Москва.

Ги повикуваме руските власти да ги ослободат сите приведени поради почитување на нивните права и бараме итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални – изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Претходно и Стејт департментот во текот на изминатиот викенд побара ослободување на Навални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.