Победата на десничарската коалиција на парламентарните избори значи и политички камбек на Силвио Берлускони, чија партија Напред Италија освои околу 8% гласови. Берлускони, кој в четврток ќе наполни 86 години, се враќа во парламентот по девет години пауза, откако оттаму беше избркан поради судската пресуда за даночна измама.

Берлускони, кој беше премиер во три наврати, освои повеќе од 50% гласови во изборната единица Монца, каде што поседува фудбалски клуб и вила.

„Ќе се обидам да играм како плејмејкер во следната влада“, кажа Берлускони со фудбалскиот речник.

Тој изрази желба да биде во првите политички редови, и покрај своите здравствени проблеми и возраст. Во 2016 имаше операција на срцето, а во 2020 лежеше во болница поради ковид-19.

Во парламентот влезе и неговата девојка, 32-годишната Марта Фашина, која освои место на Сицилија. Таа ќе биде пратеник во долниот, а Берлускони во горниот дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.